Популарниот музичар Елтон Џон изнесе уште една шокантна вистина. Во неговите мемоари „Јас“ кои излегуваат оваа недела, напиша дека Мајкл Џексон бил „сериозно ментално болен“.

Дел од медиумите успејаа да дојдат до исечок од мемоарите на Елтон во кои тој меѓу другото го коментира својот однос со кралот на поп музиката, како и неговиот карактер.

Мајкл го познавам од неговите 13-14 години. Беше најслаткото дете кое можете да го замислите. Но, со тек на годините почна да се одвојува од светот, како што правеше и Елвис Присли,  пишува тој и додава: само Господ знае што се случувало во таа негова глава, само Господ знае со какви лекови беше полно неговото тело, но секој пат кога ќе се сретневме мислев колку е за греота и целосно го има изгубено компасот!
Потоа во сериозен тон продолжува: Воопшто не го мислам тоа на симпатичен начин. Тој беше навистина ментално болен и беше една од оние личности во чие друштво никогаш не ви е пријатно.
Во книгата британскиот пејач опишува еден случај кога го повикал Џексон на забава. Во еден миг Мајкл исчезнал, па го нашле како си игра со синот на слугинката од Елтон.

Не знам од која причина, но Мајкл не можеше да го поднесе друштвото на возрасните – пишува тој.
Мајкл почина во 2009година, а во вниманието на медиумите се најде откако HBO го објави документарецот „Напуштајќи го Неверленд“ во кој против него обвиненија за сексуална злоупотреба изнесоа Вејд Робсон и Џејмс Шејфчук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.