Панчо и Андреј имаат нова песна „Горе или доле“. Станува збор за моќна композиција, со моќен текст која се промовира во исто време со видеозапис кој ја следи приказната од песната.

Панчо објави фотографија од спотот, на која е повреден и на апарати, на што реагираше неговата колешка и пријателка Елена Ристеска.

Видеото е снимено под режисерската палка на Даниел Јовески, а кадрите се направени во Скопје, потоа во Охрид, како и на клиниката „Жан Митрев“.

Песната, пак, е со потписите на Лазар Цветкоски и Панчо, кои со заеднички сили ја склопија музиката, додека текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазе.

Напорно работевме на снимањето на сцените, кои се буквално филмски. Сè изгледа толку реално, особено шминката за која ангажиравме филмски шминкер, односно Игор Петрески кој направи сè да изгледа перфектно. Што се однесува до делот во болницата, буквално целиот персонал, освен д-р Андреј, се вистински медицински лица. Веруваме во овој спот, кој метафорично го прикажува животниот пат и токму како што вели и самиот наслов сè е горе или доле, вели Панчо.

Колку и да ве разочара животот останете силни бидејќи секоја затворена врата отвора нова. И што е најважно Don’t drink & Drive, велат Панчо и Андреј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.