„Електрични оргазам“ во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот, ќе имаат свој концерт и во Скопје на 26-ти март, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар.

Еден од најкултните, најавангардните и најдобрите југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи Електрични оргазам за музиката, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.