На неодамна објавената листа со номинираните музички фестивали, EXIT повторно се најде во категоријата „Најдобар голем фестивал“, и тоа откако споменатата титула претходно ја освои во 2014-та и 2018-та година.

Гласовите на милионската публика ширум светот ќе одлучат за победниците, а ним ќе им се придружат и гласовите од жирито, кое го сочинуваат водечки експерти во музичката индустрија. Победниците ќе бидат прогласени на 15-ти јануари следната година, во која EXIT фестивал го прославува јубилејниот, 20-ти роденден под симболичниот слоган EXIT 2.0, а со кој го обележува почетокот на една нова ера, со бројни иновации во сите области на своето делување.

И другите членови од фестивалското семејство на Exit се најдоа меѓу номинираните фестивали. Истарскиот Sea Star фестивал и будванскиот Sea Dance фестивал се во трка за иста награда – „Најдобар фестивал до 40.000 посетители дневно“, додека неодамна одржаниот и исклучително успешен No Sleep фестивал го најде своето место во дури две категории – „Најдобар нов фестивал“ и „Најдобар фестивал до 10.000 посетители дневно“! Гласањето за Европските фестивалски награди ќе трае до 30-ти ноември. Се гласа на официјалниот сајт на Европските фестивалски награди, europeanfestivalawards.org или преку овој линк на кој ќе ги најдете EXIT во категоријата „Best Major Festival“, Sea Star и Sea Dance фестивалите во категоријата „Best Medium-Sized Festival“ и No Sleep фестивалот во категориите „Best New Festival“ и „Best Small Festival“, велат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.