Античкиот театар во Охрид синоќа во еден глас ги пееше песните на Бајага и Инструктори кои летово дојдоа во Македонија на концерт по пандемијата. Еден од апсолутно најубавите простори во нашата држава- Античкиот театар во Охрид беше исполнет со публика од сите возрасти кои направија ѕвездено небо на „Зажмури“, но во еден глас ги пееја и безвременските хитови: „Кад ходаш“, „Град“, „Јер ти се љубиш“, „Са друге стране јастука“, „Од када тебе волим“, „Плави сафир“, „Руски воз“, „Још те волим“, „Двадесети ве“, „Лепа Јања“…

После подолго време Момчило Бајагиќ – Бајага со својот бенд се врати во Охрид за илинденските празници, да ни го презентира својот безвременски каталог на раритетно убави песни. Во античкиот театар во Охрид, Бајага и Инструктори видно расположени два пати се вратија на бис и ги отпеаја и последните хитови од последниот албум кој излезе минатата година со наслов „Овај свет се мења“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.