Две лица го загубиле животот, а едно е повредено во вторникот вечерта во концертна сала во шведскиот град Упсала кога едно од нив паднало од седмиот кат врз двајца посетители, соопшти полицијата.

Илјада посетители се собрале во „Uppsala Konsert&Kongres“, модерна повеќекатница во којашто требало да се одржи концертот во чест на прославената шведска поп-група ABBA.

Во предворјето на салата е отворен простор во кој паднало лицето од седмиот кат врз двајцата посетители, од кои едниот починал а другиот е полесно повреден. Лицето кое паднало, исто така, смртно настрадало.

Портапролот на полицијата не сакал да го открива индентитетот на жртвите додека не бидат известени сите членови на нивните семејства.

Несреќата се случила околу 18 часот по средноевропско време додека посетителите влегувале во концертната сала. Концертот требало да започне во 19,30 часот, но е откажан поради инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.