Популарната поп пеачка Дуа Липа, која двапати е номинирана за Греми, го напиша и изведе новиот сингл „Swan song” за новото остварување на студиото ФОКС- „Алита: Борбениот Ангел“. Овој филм е епска акција-авантура на продуцентите Џејмс Камерун и Џон Ландо („Аватар“), како и режисерот Роберт Родригез („Град на Гревот“). Овој филм пристигнува во кината на 14 февруари.
„Од моментот кога ја видовме Дуа Липа во спотот за песната „New Rules” знаевме дека таа е совршена за песната која ќе го одбележи филмот „Алита: Борбениот Ангел“, рече продуцентот Џон Ландо. „Оваа девојка поседува снага, моќ и став со кои се карактеризира и Алита. Џим, Роберт и јас сме возбудени за оваа соработка и сигурни сме дека песната ќе биде инспиративна химна за нашиот филм“.
Возбудена сум за филмот за Алита и феноменалниот тим од креативци кои се споија да направат нешто вакво. Се пронаоѓам себеси во ликот на Алита затоа што делиме многу сличности меѓу кои се опасниот дух, но и сличната фризура, а од особините кои нѐ спојуваат би ги издвоила силата и самоувереноста“, рече Дуа Липа.
Во филмот „Алита: Борбениот Ангел“ глумат Роза Салзар, Кристофер Валц, Џенифер Конели, Ед Скрејн, Џеки Ерл Хали и Кин Џонсо. Сценариото го напишаа Џејмс Камерун и Лита Кологридис, по истоимената манга серија „GUNNM” чиј творец е Јукито Киширо.
Дуа Липа својот прв албум го издаде за познатата куќа Варнер Брос, а нејзините песни направија голем пресврт во денешната поп музика. Нејзиниот деби албум се најде на врвот на сите топ листи, додека песната „New Rules” го достигна првото место на топ 40 и го собори долгогодишниот рекорд на Билборд Поп листата. Спотот за песната стана вирална атракција ја направи Липа најмладата соло пеачка доја достигна милијарда прегледи на Јутјуб. Истотака таа е константно најистакнат женски уметник на апликацијата Спотифај и се најде во топ петте имиња кои ја обележаа минатата година. Неодамна, Дуа Липа со својот последен сингл „Electricity” освои номинација за Најдобар нов уметник на Греми, а покрај тоа влезе и во историјата на БРИТ наградите со тоа што стана прва пеачка со пет номинации а дома ги однесе наградите за најдобро деби и најдобра печка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.