Добро ти утро моја мала утехо, твојата топлина ми звучи познато. Остани под јорганот, и не ме пипкај многу, многу со коленото. Твојата коса приказни раскажува, имала бурна ноќ на здив до мојата, малку ме подлажува, и морам да признаам среќен сум што ме растажува. Многу ми е премалку… – започнува текстот на новата песна на легендарниот Игор Џамбазов.

Поинаков ритам, поинаков текст, ведрина, позитивна енергија – Игор поинаку звучи. Се чини промените во неговиот приватен живот и те како влијаат на шоуменот Џамбазов. Новата песна насловиена Love is so good е посветена на како што вели неговата муза, Илина Арсова со која е во врска повеќе од една година.

И овојпат Игор не ја заобиколи соработката со Гуру Харе, зад клавијатурата е Дамир Имери, а бас Оливер Јосифовски, виолина Владимир Крстев, тапани Мите Димовски . Музиката и текстот се на Џамбазов, додека зад аранжманот се потпишува Мите Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.