За помалку од еден месец од промоцијата, преработката на македонската песна „Нешто ќе те питам бабо“ од страна на „Некст тајм“ има повеќе од милион прегледи на „Јутјуб“, што е ретка бројка за македонски изведувач.

Немаме зборови да го опишеме нашето задоволство и среќа што заедно со вас публиката придонесуваме за зачувувањето и ширењето на македонската традиција и култура. Ви благодариме за сите споделби на ова видео, за сите добри и помалку лоши критики. Добрата нè храни, а лошата критика нè мотивира да се подобриме во следното наше дело. Ве сакаат Некст Тајм!!!, порачаа браќата Мартин и Стефан на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.