На прес-конференција, Панчо, Андреј и нивниот тим објавија детали за големиот концерт на 3 декември во „Борис Трајковски“, со кој музичкото дуо ДНК ќе прослави 20 години успешна музичка кариера. Најавија одличен коцнерт со неколку музички гости, меѓу кои: Тамара Тодевска, младиот Јанг Дади, Ена Цветковска и уште неколку други.

Значајно е да се каже дека дел од продадените карти и сите средства од продажбата на албумот ќе бидат доделени во фондацијата „Марко Божиновски“ како поддршка за младите спортски таленти од Македонија.

На прашањето дали добиле некаква помош од државата и Министерството за култура по повод нивниот голем љубилеј, Панчо видно се вознемири и кратко одговори „Добивме, ку*ац“, по што микрофонот му го даде на Андреј, кој кажа дека на министерството ќе им испратат гратис влезници за нивниот концерт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.