ДНК на денешната средба со новинарите ги соопшти деталите околу големиот концерт, кој, како што рекова Панчо и Андреј, ќе значи заокружување на едно поглавје на бендот, но и битисувањето на естрадната сцена.

Од сега треба да го заокружите 3 декември, бидејќи тоа е денот кога ќе биде одбележан големиот јубилеј на Панчо и Андреј. Концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, а билетите во продажба ќе бидат пуштени веќе од понеделник. Во првите 20 дена – почнувајќи од понеделник 13.6 точно напладне се до 2. 7 повторно напладне, нели 20 дена за години ДНК, цените на билетите ќе бидат следни: Вип 800 денари, Вип коњопој 800 денари, фан пит 200 денари, седење трибини 350 денари, а по овие датуми ќе важат следниве цени: Вип 1000 денари Вип коњпој 1000 денари, Фан пит 350 денари, седење трибини 450 денари, соопшти Александра Тимковска.

Андреј и Панчо организираа и медиумска промоција на новата песна на дуото со наслов „Ако утре ме нема“, инаку соработка со Џамбо Агушев и неговиот оркестар.

И оваа тема е дело на веќе стандардната екипа – Панчо и Лазар Цветкоски, овој пат засилена од неверојатниот Џамбо Агушев, кој замеша прсти во аранжманот. Видеото, пак, чија премиера, исто така, ќе се случи на прес-конференцијата, е работено со Кристијан Теодоров, режија и камера, и Владимир Митревски -Ѓуле, монтажа и боја, информираа од дуотот.

Денеска во 19 часот ќе може да се погледне видео записот за оваа песна, каде на едно место се собрани Наум Петрески, Миле Кузмановски, Тони Михајловски, Александар Михајловски, Јанко Илковски, Васко Тодоров…и уште многу познати ликови кои во стилот на Ивкова слава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.