Проектот „Дајте музика”, за прв пат ќе биде претставен во Македонија, со големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концерт на отворено во Скопје, на 27 мај, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот.

Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.