Поради настанатата ситуација со коронавирусот и согласно мерките од надлежните институции, детскиот фестивал Поточиња 2020 закажан за 21. и 22. март во Македонска опера и балет се одложува, соопшти организаторот.

Новиот термин за одржување на фестивалот ќе биде дополнително утврден и објавен, согласно состојбата во државата, во период кој ќе биде апсолутно безбеден за децата и граѓаните.

Сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.