Дејвид Гета (David Guetta), најуспешниот музички продуцент на 21-от век и еден од најбараните музички изведувачи на светот ќе ја предводи програмата на досега најсилното издание на „Си Денс“ Фестивалот во Црна Гора, кој ќе се одржи од 30-ти август до 1-ви септември 2019-та година! Публиката од целиот свет ќе има единствена прилика да ја види француската суперѕвезда која е најзаслужна за револуцијата на музичката индустрија од почетокот на оваа деценија, кога електронската музика стана водечки музички правец, а диџеите најголеми светски ѕвезди. За тоа говори и фактот дека Гета е еден од најпопуларните светски изведувачи со неверојатни 11 милијарди прегледувања на „ЈуТјуб“ каналот и над 100 милиони фанови на социјалните мрежи! Списокот на музичари со кои има соработувано и кои се потпишани на неговите синглови ги вклучува најголемите имиња во истријата на популарната култура, како што се Дејвид Боуви, Ријана, Снуп Дог, Сиа, Ники Минаж, Авичи и бројни други. Тој е воедно и единствениот диџеј кој има продадено вртоглави 50 милиони албуми и синглови, а добитник е и на бројни водечки музички награди, меѓу кои и две „Греми“, како и признанијата кои ги доделуваат „Билборд“, „Ем-ти-ви“, „Диџеј Маг“ и бројни други. „Си Денс“ минатата година на прекрасната плажа Буљарица собра речиси 50.000 посетители од целиот свет, а со тоа влезе и во самото финале на борбата за најдобар европски фестивал!

David Guetta to headline Sea Dance Festival 2019
Зграби ги првите влезници за „Си Денс“ и заштеди дури 50%!
На 5-ти март точно на пладне во продажба ќе бидат пуштени најповолните влезници за „Си Денс“ со дури 50% попуст, по цена од 1.650 ДЕНАРИ! Во продажба ќе бидат и ВИП ГОЛД тридневните влезници по цена од 13.050 денари, како и влезниците за фестивалскиот камп по цена од 1.650 денари. Билетите ќе бидат достапни преку страницата www.seadancefestival.me и www.mktickets.mk додека, исто така од 5-ти март, преку официјалната туристичка агенција EXIT Trip за посетителите ќе бидат достапни и туристичките пакети со 60% попуст, кои, покрај влезница, содржат и разни опции за сместување и превоз и тоа по цена веќе од 49 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.