Дани Димитровска по вторпат соработува со Петар Младеновски од „Суперхикс“. Песната „На крајот на овој свет” е најново дело на Весна Малинова Бабамов, а видеото е приказ на светски катастрофи и наши секојдневија со кои се соочуваме.

Во видеото се појавуваат неколку врвни музичари, како што се момците од „Conquering Lion“, Игор Џамбазов, Пере – Нокаут, Џоле „Смут“, „Љубојна“ и Вера Јанковиќ кои преку свои пишани пораки се надоврзуваат како поддршка кон пораката која оваа песна ја пренесува.

Поддршката е суштинска во време кога недостасува музика. Онаа колегијалната од взаемна почит е од особено значење, велат Дани и Пеце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.