Убавата струмичанка Сања Димова (20) со своите одлични настапи ги освои симпатиите на жирикомисијата во „Ѕвездите на Гранд“. Пофалби за нејзиното пеење таа добиваше од речиси секој член на жирикомисијата.

Сања настапи минатата сабота и одлично ги испеа двете песни, меѓутоа иако освои еднаков број на гласови како нејзиниот противкандидат, сепак продукцијата не и даде дозвола да го продолжи натпреварувањето. Меѓутоа, како што дознаваме од блиски извори на младата пејачка, нејзината менторка, познатата фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ ги прави сите напори за да ја врати во понатамошното натпреварување.

Дали ќе се вратам повторно оваа сезона или следната и не е толку важно, важно ми е што сметам дека одлично се претставив пред жирикомисијата, пред публиката. Тоа ми е најважно. Да, има вистина дека мојата менторка Цеца Ражнатовиќ сака да ме врати назад во шоуто, но засега ништо не се знае и не би сакала да зборувам за тоа, ни изјави младата пејачка.

Инаку беразлика на исходот од „Ѕвездите на Гранд“, Сања заедно со својот тим работи на својата нова песна, која ќе биде промовирана во блиска иднина.

Погледнете го последниот настап на Сања:

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.