По подолго време момците од бендот „Feedback“ ја објавија својата нова песна. „Далеку од тебе“ е насловот на нивната нова нумера, на која како автор се потпишува најдобриот тандем на овие простори – Лазар и Магдалена Цветковски.

Песната е готова уште во времето кога започна пандемијата со коронавирусот, но си рековме дека можеби е подобро да почекаме за некои помирни времиња, меѓутоа сфативме дека на луѓето добро ќе им дојде малку музика во овие денови на изолација и полициски час, велат момците од бендот и додаваат дека во нивната фиока има уште една готова песна, но дека таа ќе ја промовираат кога работите ќе се вратат во нормала.

За новата песна, момците снимија и видеоспот во кој се појавува и една од најубавите Македонки, преубавата Ана Мариа Јанковиќ, која пред неколку месеци потпиша договор за соработка со еден многу познат светски бренд за облека. Режисер на видеото е Дарио Јанковиќ или Генерал Јанковиќ, а истото е снимено на повеќе локации во Скопје и Демир Капија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.