Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ најави два концерта во Македонија летово. По долгата пауза од настапи поради пандемијата, пејачката се враќа на сцената. Во својата агенда на настапи Цеца најави дека летово ќе ја гледаме во Охрид на 14 август и во Пробиштип на 21 август, за време на Денот на рударите.

Се радувам на дружењето, напиша Ражнатовиќ, која и во минатото беше честа гостинка кај нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.