Додека Брисел и оддава чест на кралицата на ромската музика – Есма Реџепова, по што именуваше метро станица со нејзиното име на Денот на Европа за нејзиниот придонес во европската историја и го величат името на жената која го посвети животот на песна и хуманирна работа – за која двапати беше номинирана за Нобелова награда, во нашата земја, куќата на Есма која ја остави во аманет на државата да биде дом на музиката и културата и по речиси пет години од нејзината смрт, оваа куќа е заборавена, руинирана и мета на кражби

Куќата на Есма и Стево Теодосиевски е заглавена во лавиринтот на судски спорови, а наследниците бараат тестаментот во кој Реџепова ја остави куќата на државата да биде поништен.

Кралицата на ромската музика во светски рамки е меѓу најголемите амбасадори кои допринеле преку нејзиниот глас да се дознае за културно историските обележја на земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.