Во Скопје вечерва за првпат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други“. Во 20 часот во арената А1 концерт одржува големата музичка ѕвезда Брајан Адамс, кој доаѓа во рамки на големата светска турнеја „Shine a light“, наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени низ светот.

Тимот на Брајан Адамс дојде во Скопје со сопствена продукција, која вклучува десет камиони опрема (звук, светло и видео).

Вечерва најавуваат спектакуларен концерт, на кој публиката ќе ужива во одлична рок забава со сите најголеми хитови што ја одбележаа кариерата на Брајан Адамс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.