Следната турнеја на рок-пејачот Боно Вокс ќе биде без неговиот бенд „Ју-ту“, и без нов албум како причина, а ќе се однесува на претставувањето на неговите мемоари „Предавање: 40 песни, една приказна“, што ќе бидат објавени на 1 ноември.

„Surrender“ (Предавање) е наслов на песна од албумот „War“ на групата.

Светскиот концертен гигант „Лајв нејшн“ (Live Nation) и издавачката куќа „Пингвин рандом хаус“ (Penguin Random House) денеска објавија дека 62-годишната суперѕвезда ќе посети 14 градови ширум светот во ноември. Турнејата ќе почне на 2 ноември од театарот „Бикон“ во Менхетн, Њујорк, САД, а ќе заврши на 28 ноември во „Театро Колосеум“ во Мадрид, Шпанија.

Ми недостига сцената и да бидам близок со публиката „Ју-ту“. На овие настапи имам некои приказни да отпеам и некои песни да раскажам, изјави Боно.

„Ју-ту“ е основана кон крајот на 70-тите во Ирска. Тие го привлекоа вниманието со нивниот прв албум „Boy“ (1980), а првиот поголем успех го постигнаа со третиот албум „War“ (1983), како и со петтиот албум „The Joshua Tree“ (1987). Групата сними вкупно 14 албуми, од кои последен е „Songs of Experience“ (2017).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.