Едно од најголемите имиња на електронската „dark wave“ сцена, култните „BOY HARSHER“, доаѓаат во Скопје!

На 4 април во Младинскиот културен центар од 22 часот, ќе бидеме сведоци на концерт кој ќе донесе сурова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики. Концертите на американскиот врвен електронски бенд „BOY HARSHER“ ги нарекуваат спектакли кои не смеат да се пропуштат, затоа што не носат напред во времето…

Оваа вечер ќе настапи ипост-индустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД – „HIDE“!Парот создава композиции-аудио колажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудио референци од поп-културата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.