Скопјанецот Бобан Цаневски влезе во финалето на познатото музичко наптреварување „Никад није касно“ (Никогаш не е доцна) и тоа со маестрална изведба на песната „Доџи“ од прерано починатиот Аки Рахимовски.

Бобан уште во првите секунди ги освои симпатиите на жирикомисијата, која овојпат беше составена од славната пејачка Зорица Брунцлик, Бора Чорба и претседателот на таа жирикомисија, Маре.

Мислев дека ќе стигнам до третиот круг, но еве ме во финале. Ова шоу направи многу за мене, ефектот се гледа. Имам доста работа, ме бараат постојано за свирки, приватни забави, фестивали, изјави Боби пред да излезе на големата сцена и го испее големиот хит на Аки.

После завршувањето на неговиот настап, свој коментар даде и трочлената жирикомисија.

Одлично пеење. Никаде не погреши, има совршен распон на глас, пее како змеј. Пее на свој начин, покојниот Аки и јас требаше да бидеме кумови, но тој пее поинаку од Аки. Сите Македонци имаат слух, искоментира Бора Чорба.

 

Она што мене ме фасцинираше е динамиката. Вие сте еден од ретките кандидати кој ја пее оваа врта музика, а да внимава на динамиката, беше коментарот на Зорица.

 

Јас не знам многу вакви песни во поп-рок жанрови, но ова е една од најтешките, бидејќи пејачот мора да покаже се што знае, а Боби го покажа тоа. Апсолутно брилијантно, јас уживав и навивав за тебе, искоментира Маре.

Погледнете го неговиот настап и влез во финалето:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.