Дванаесет земји се најдоа на листата на можни победници на „Евровизија 2019“ направена од најпознатиот музички портал „Билборд“. Според нивните прогнози, меѓу 12-те песни се најде и „Proud“ на Македонија.

Ова славење на жените за време на движењето #MeToo ќе освои многу од гледачите што гласаат, како и од судиите во професионалното жири, пишува во своите прогнози „Билборд“.

Покрај нашата држава, на оваа листа како потенцијални победници се најдоа и Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Швајцарија, Шведска и Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.