Пејачката Ана Бекута неодамна остана без долгогодишниот партнер Милутин Мркоњиќ. Првично таа објави дека се повлекува од сите свои активности и настапи, но сега таа објави дека се враќа на работните обврски.

Најдраги мои, одлучив во Новата година сепак да влеземе заедно. Се гледаме на 31 декември во преубавото Требиње, а на 1 јануари во магичната Бања Лука. Се радувам што ќе се прегрнуваме и грееме со песна. Добро облечете се, немој некој да дојде без долна маица. Ве сака вашата Ана – напиша Бекута на својот Инстаграм профил.

Како што пренесуваа српските медиуми, Мрка ја заколнал Ана додека бил во болничка постела да продолжи со пеењето и по неговата смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.