Rегионот денеска се збогуваше со легендарниот фронтмен на групата „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, кој беше испратен до своето вечно почивалиште во Загреб. Неговото најблиско семејство се собра денеска, а посебно емотивен беше говорот на неговата ќерка, Дина.

„Ти благодарам тато што ме научи дека е лесно да бидеш висок но оти  човекот е мал под ѕвездите. Ама бегај, бегај тато, затоа што им е здодевно горе без тебе. Те сакам“, рече Дина на погребот.

Од Аки се прости и синот Кристијан и членовите на групата Парни Ваљак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.