Момчило Бајагиќ Бајага и Бранко Ѓуриќ направија песна која го носи називот „Ниси сама“. Песната е посветена на актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, кои во текот на изминатите денови ги изнесоа своите интимни признанија за сексуална злоупотреба од професорот по глума Мика Алексиќ.

Бајага е заслужен за текстот, додека популарниот Ѓуро ја отпеа песната со неговиот бенд Бомбај Штампа.

Песната е објавена на Инстаграм профилот на Ѓуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.