„Авалон продукција“ реши да го откаже Фестивалот на отворено „Охрид колинг“ кој требаше да одржи од 30 јули до први август годинава во Касараната во Охрид.

Иако Комисијата за заразни болести во земјава дозволи да се одржуваат настани на отворено со 50 отсто од капацитетот, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучивме „Охрид колинг“  да го одложиме за следната година, истакнуваат од Авалон Продукција.

Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на „Охрид колинг“ ќе биде три дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид. Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети! Дотогаш, подготвувајте се за „Охрид колинг 2021“ и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание на вашиот омилен фестивал! А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот, велат од продукцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.