Вечерва во „Борис Трајковски“, со почеток во 20:00 часот, ќе имате единствена можност да го пролследите настапот на една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот Apocalyptica.
Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2 “. Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, Apocalyptica за кратко време станаа светска атракција!
Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. На нивните албуми гостувале:
Sandra Nasic od Guano Apes, Dave Lombardo (Slayer) , Ville Valo (HIM), Lauri Ylönen ( Rasmus), Till Lindemann (Rammstein), Corey Taylor (Slipknot) Adam Gontier( Three Days Grace) , Gavin Rossdale,( Bush) и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.