Андтијана Јаневска ќе биде дел од светски проект „Together Is Beautiful“, во чии рамки соработува со врвни музичари од целиот свет.

Чест ми е да ви соопштам дека денес, на 4 декември 2020 година, светот ќе биде обединет преку композиција и документарен филм во кои учествуваат музичари од Сите 197 земји во светот. Претставена сум како виолинист од Македонија и пресреќна сум што имав можност да соработувам со врвни музичари од целиот свет, меѓу кои и авторот на композицијата Џорџ Фентон. Издавачи се „Јуниверзал мјузик“ и „Меркури студиос – објави Андријана Јаневска преставувајќи го светскиот музички проект и своето учество во него како горда Македонка и уметник од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.