Пред неколку дена во еден познат скопски ресторан во присуство на своите најблиски пријатели, соработници и колеги, актерот и пејач Жарко Димоски направи двојна промоција. Станува збор за промоција на најнова песна со видеоспот насловена како „Танцувај со мене“, како и промоција на неговата прва книга „Пеперутка“.

Жарко пред присутните зборуваше за своите нови „чеда“, а исто така ги почести и со еден мини-концерт во кој сите уживаа.

Инаку како автор на песната, односно на музиката и аранжманот се потпишува познатиот пејач Димитар Андоновски, а пак текстот е дело на Жарко и неговата сопруга Андреа, која исто така ја има главната улога во видеоспотот.

„Пеперутка“, пак, е првата книга, стихозбирка на Жарко Димоски во издавништво на издавачкиот центар „Три“ и истата можете да ја најдете во сите книжарници на издавачкиот центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.