Марија Шерифовиќ во 2020 година ќе влезе со една единствена желба – да стане мајка.

Шерифовиќ вели дека ќе се потруди колку што е можно побрзо да формира семејство.

Се повеќе размислувам за родителството. Мислам дека тоа е најголем живот триумф. Морам да ви признам дека при самата помисла многу се радувам. Сигурна сум дека во следните две години ќе се остварам како мајка -вели Марија

Марија открива дали ќе оди на вештачко оплодување или пак ќе посвои бебе.

Најлогично е јас да го родам. Се надевам дека нема да биде пејач или пејачка. Што се однесува до мене може да биде музичар, но никако изведувач. Важно е да биде живо, здраво и паметно. Но, сигурно подобро ќе се снајдам со син – изјави Марија.

Таа вели дека не е заљубена:

Не сум заљубена, не планирам да се заљубам. На кого му треба љубов? – вели победничката на Евровиија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.