„Ај Кју“ ја преработија песната „Јано мори“.

Ова дуо по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија и поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко. Подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.