Стивен Тајлер и рок-бендот „Аеросмит“ повторно ја одложија својата европска турнеја.

Концертите требаше да почнат во јуни оваа 2022 година, но од бендот одлучија и годинава да ги откажат настапите поради „постојаните ковид ограничувања и други проблеми“, но и за да ги заштитат своите обожаватели и екипата.

Длабоко жалиме што објавуваме дека нашата европска турнеја, закажана за јуни и јули 2022 година, е откажана. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата со ковидот, поврзаната неизвесност за логистиката на патувањето, континуираното присуство на ковид ограничувањата и другите проблеми. Стана јасно дека нема да биде можно да продолжиме со нашите летни концерти во Европа. Здравјето, безбедноста и благосостојбата на нашите обожаватели се наш приоритет број еден. Ќе се вратиме во полна сила и се надеваме дека наскоро ќе ја објавиме таа возбудлива вест – се наведува во објавата на нивниот интернет сајт.

Рок-легендите веќе двапати ги одложија концертите, кои првично требаше да се одржат во 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.