По повод јубилејот: 25 години од првиот концерт на Фолтин и, секако, промоцијата на најновото студиско издание “Симултан бакнеж”, групата на своите фанови им закажа три средби:

– 25.07 Струга, НУЦК летна сцена,

– 29.07 Прилеп, НУЦК летна сцена,

– 31.07 Велес, Амфитеатар.

Концертите се финансиски поддржани од Министерство за култура и се во соработка со Центрите за култура од наведените градови и Општина Велес

Ќе се свират најновите и најубавите стари песни. Поводот за оваа домашна мини турнеја е јубилејот: 25 години од првиот концерт на Фолтин и, секако, промоцијата на “Симултан бакнеж”. Почетокот е во 21:00 ч. Влезот е бесплатен, соопштија од „Фолтин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.