Годинава, по 21-ви пат се одржува ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, a како дел од него ќе се одржи и новото издание на ПИН музичката конференција. Оваа единствена кај нас меѓународна музичка шоукејс конференција ќе се одржи по шести пат од 28-ми до 30-ти ноември, во Младински Културен Центар во Скопје.

ПИН и годинава ќе биде домаќин на стотина значајни делегати, говорници и имиња од европската музичка индустрија. Годинава своето присуство го потврдија Ник Хобс, сопственик на агенцијата „Charmenko“ кој соработувал со артисти, како: Radiohead, The National, Tom Waits. Доаѓа и Џеоф Мел од „Paradigm Agency“, кој ги застапува артистите Ed Sheeran, Coldplay, Halsey и многу други. Степан Казарјан, промотор и сопственик на музичката компанија „Connected Agency“ и куратор на првиот шоукејс фестивал во Русија „Moscow Music Week“, Иван Новак, основачот и лидер на групата Laibach, и Џорџ Лајтнер од букинг агенцијата „Georg Leitner Productions“, кој четири децении носи светски музички имиња во Европа, како Џејмс Браун, Ray Charles, The Temptation, Kool & The Gang. Ќе дојдат и претставници на сите значајни европски фестивали, како „Exit“, „Pohoda“, „Ment“…

За време на тридневната програма ќе се дискутира за актуелните теми од музичкиот бизнис и промените кои се случија во последните десет години, потоа за авторските права, како да се дојде до титулата „Европски град на културата“, но и за букингот, менаџментот, за политика и култура, експорт офис, дигитален маркетинг и можности за промоција – како еден мал но значаен дел од планираните панели кои ќе бидат поставени на веб-страната на ПИН.

Во трите вечери на ПИН ќе се претстават и редица одлични музички изведувачи од 10 држави, кои единствено тука заинтересираните ќе имаат есклузивна можност да ги видат во живо. На списокот на изведувачи се наоѓаат: BORGHESIA, КУКЛА и LJUBLJANJAH VIBES од Словенија, COMMINOR, OSCAR SOUL EXPERIENCE и THE MAGNETTES од Шведска, ETTE ENAKA и BÁRA ZMEKOVÁ од Чешка, GUTE GUTE од Израел, MACHINE DE BEAUVOIR од Германија, МАРКО ЛУИС, ŠAJZERBITERLEMON, MAiKA, LJUBIČICE и ROLL THE DRUMS од Србија, YUKO и RADIOSLAM од Полска, LIONSHINE, од Словенија, MAZ од Луксембург, OSCAR MIC од Украина, ELEKTRO HAFIZ од Турција, SUREALISTAS од Италија, THEODORE од Грција, како и FUNK SHUI, САШКО КОСТОВ, GAME OVER и GOTZEH од Македонија, соопштија организаторите.

Програмата со ПИН панелите се одржува во кино „Фросина“ и влезот е бесплатен.

ТАКСИРАТ веќе започна со распродадениот концерт на МАНУ ЧАО и неговиот музички проект „El Chapulín Solo“, кој се одржа на 24-ти октомври во МКЦ. Сѐ до 7-ми декември, нѐ очекуваат уште серија одлични „славенички“ настани, велат оттаму.

За 1-ви декември е најавен првиот самостоен и долго очекуван концерт на македонскиот автор LD PISTOLERO во МКЦ. По шест години од првиот соло албум „После мостот“, во мај годинава тој го издаде својот нов студиски албум, „Далеку“, кој беше распродаден истиот ден.

LD Pistolero i DJ Goce S.A.F. – Proshetka / Kasha (Official Video) 2018

МУГЕР ФУГЕР и ГОТРА на 5-ти декември ќе настапат во Денсинг салата во МКЦ, на кој ќе ја резимираат нивната десетгодишна соработка со концертна и LP (винил) промоција на музичкиот проект „Во ова време“. Влезот за овој концерт е слободен.

На 6-ти декември во МКЦ ќе се одржи и традиционалниот избор на најдобри демо изведувачи – ЛУЗЕР ФЕСТ. Од пристигнатите педесетина пријави, ПАСВОРД селектира осум млади артисти кои ќе настанат во живо со свои авторски песни.

Главната вечер на ТАКСИРАТ ќе се случи на 7-ми декември во СЦ „Борис Трајковски“, каде на 3 бини и во тек на десет часови ќе настапат 15 изведувачи: британските бејс продуценти и мега ѕвезди CHASE & STATUS; шведското инди-поп трио и авторите на глобалниот хит „Young Folks“, PETER BJORN AND JOHN; најголемиот хрватски панк-рок бенд и милениците на публиката кај нас ХЛАДНО ПИВО, и легендарниот хип-хоп колектив од Србија, БЕОГРАДСКИ СИНДИКАТ. Вториот стејџ е резервиран за претставниците на хрватскиот трап, KUKU$ KLAN, BUNTAI и 30ZONA, заедно со младиот трап артист KLINAC и локалната MVRSVR екипа: DONPLAYA, BON PRASKIZA, SEXY MARSA и PRINCE$$ DONATSU, а наскоро ќе следат повеќе информации и за останатата програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.