Младиот американски рапер Тај-К е осуден на 55 години затвор за убиство, а хит-песната за тоа, која ја објавил како бегалец, била вклучена во доказниот материјал на обвинителството.

Тејлор МекИнтур (19) е прогласен за виновен со уште шестмина мажи за убиството на Итан Волкер во Менсфилд (Тексас) во јули 2016 година. Тие имале намера да го ограбат Вокер и уште еден дилер, а во текот на упадот во куќата Вокер бил застрелан, пренесува „Гардијан“.

Девојката на Вокер сведочела дека кога бил убиен рацете му биле кренати во воздух. Адвокатите на раперот тврделе дека тој не го испукал смртоносниот куршум, а раперот рекол дека негова работа во грабежот била да ја пронајде дрогата што требало да ја украдат, но покрај разбојништвото, е прогласен виновен и за убиството.

Кариерата на младиот рапер добила замав откако неговиот случај привлекол многу внимание во медиумите. Откако бил обвинет за убиство на само 16 години, МекИнтур бил ставен во домашен притвор, но во март 2017 година го симнал апаратот за следење од глуждот и избегал. „По ѓаволите со таа глупост со апсењето… ќе мораат да ме фатат“, напишал тогаш на Твитер.

Тргнал на север од Тексас до Њу Џерси, каде ја снимил песната „The Race“, во која се фалел со својот статус на бегалец.
„Ain’t beat that case, bitch I did the race“, рапува во неа.

Песната доспеала до 44. место на американските топ-листи, а ремикс ѝ направиле и некои американски истакнати рапери, вклучувајќи ги имињата како што се 21 Саваџ, Тајга и Лил Јахти. Видеото е прегледано повеќе од 174 милиони пати на Јутјуб, а песната во јануари 2018 година достигнала платинесто издание.
Обвинителите го пуштиле спотот во текот на судењето ги покажале зборовите од песната пред судот.

МекИнтур е повторно фатен во јуни 2017 година и е обвинет за две тешки злосторства направени додека бил во бегство – за убиството на 23-годишниот Марк Салдивар, по расправија во Сан Антонио во Тексас како и за грабеж и претепување на 65-годишниот Овен Пепе во Арлингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.