Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал успеаја, покрај многубројните турбуленции, да изградат добар однос по разводот на 10-годишниот брак. Иако се шпекулираше дека бившите сопружници се лути еден на друг, тоа сепак не е вистина. И двајцата се обидоа да ја пронајдат среќата со други партнери, но врските не им успеаја.

Па така, бившите сопружници одлучија заедно да ги носат синовите Јаман и Јавуз на зимување годинава, а неодамна заедно го прославија и 38-от роденден на поп-пејачката, на која турскиот пејач и’ подари часовник „ролекс“ вреден 45.000 евра.

Судејќи по изјавата што извор близок на бившите сопружници ја дал за магазинот „Ало“, емоциите од страната на Мустафа

Времето поминато заедно ги потсети на хармоничниот период во кој уживаа додека беа во брак. Во тој миг и двајцата сфатија дека им недостига семејната атмосфера и почнаа полека да се доближуваат еден кон друг. Емоциите кај Мустафа дефинитивно проработија, но ни Емина не е имуна на идејата повторно да бидат семејство“, раскажува изворот на „Ало“. Мустафа веќе подолго време планира да разговара со Емина за смирување. Свесен е дека е рано да зборуваат на таа тема бидејќи би можел да предизвика спротивен ефект кај неа. Од друга страна, се плаши дека таа сосема ќе се оддалечи од него и дека ќе ја загуби засекогаш. Познато е дека Емина најдобро функционира кога нема партнер и кога страда, што неколку пати истакна и самата. Често вели дека најдобрите текстови ги напишала кога била емотивно ранета, па Мустафа се плаши дека соработниците ќе ја посоветуваат да не се смири со него токму заради тоа“, додава изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.