Војводата од Сасекс му се пожалил на стар пријател, а тој им открил се’ на медиумите

Иако со месеци пред раѓањето на детето родителите се подготвуваат за сето она што ги чека, кога бебето ќе пристигне, тешко им е да се привикнат на реалноста, која во повеќето случаи носи и непреспиени ноќи.

Таквите работи не се исклучок за богатите и славните, па ни за членовите на кралското семејството. Така, проблеми со спиењето моментално имаат Меган Маркл и принц Хари.

Иако неколку дена по раѓањето на синот Арчи, кога го претставија пред јавноста, откриле дека бебето е супер и не прави проблеми, се чини дека ситуацијата се сменила.

Како што открил Мајкл Караца, добар пријател на принцот Хари, новиот татко е прилично ненаспан, поради што побегнал во Рим! Двајцата мажи разговарале деновиве во италијанската престолнина, каде што дошле поради купот поло, а принцот Хари ја искористил приликата да му се пожали малку на стариот пријател.

Инаку, патувањето во Рим било неговото прво заминување од дома откако станал татко. Според зборовите на Караца, ноќевањето во Рим добро му дошло, со оглед на тоа што Хари не можел да се наспие дома, бидејќи плачењето на малиот Арчи постојано ги буди новите родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.