Откако ги напуштија кралските должности и се преселија во Калифорнија, Меган Маркл и принцот Хари се свртени кон хуманитарни активбости за кои повеќепати истакнаваа дека ќе им бидат приоритет во животот.

Меган и Хари деновиве биле забележани во Лос Анџелес додека волонтирале за потребите на организацијата „Baby2Baby“.

Во сосема опуштено издание, со заштитни маски на лицето, тие подарувале залихи храна, козметика, средства за хигиена и училишна опрема за загрозените семејства.

Многумина ја пофалија нивната иницијатива и ангажираност, но, веднаш се појавија и критиките, затоа што наводно, Меган и Хари ангажирале фотограф да ги снима додека тие волонтираат, со што, наводно, покажале дека тоа го прават заради саморекламирање.

Без оглед на тоа, се чини дека Меган и Хари уживаат во новиот живот далеку од кралските должности и протоколи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.