Војвотката од Сасекс Меган Маркл можеби наскоро ќе остане без крилја, според кралската биографка Ана Пастернак, која воедно е и авторка на биографијата на покојната принцеза Дијана.

Таа тврди дека медиумското величање на најновата членка на британското кралско семејство наскоро би можело да биде изгасено, и тоа затоа што некои членови на семејството ја сметаат за закана, како што било случајот со Дијана.

 

Пастернак ја споредила Меган со Волис Симпсон, чија врска со кралот Едвард Осми предизвикала уставна криза и го принудила да абдицира. Додала и дека вработените во Бакингемската палата веќе ангажирале луѓе кои будно го следеле секој чекор, гест и постапка на Меган Маркл и дека кралицата е подготвена да и’ ги отсече крилјата доколку забележи дека превисоко летнала.

Меган е фрлена како граната во тој архаичен систем и полека пука. На некој начин мислам дека таа го оживеа духот на Волис Симпсон и се надевам дека луѓето ќе ја запознаат како љубезна, духовита, лојална и достоинствена личност, која неправедно стана жена што сите ја сожалуваат“, рекла Пастернак.

Потоа, биографката додала и дека:

Ако Меган и Хари станат премногу популарни, се плашам дека ќе се случи истото како и во случајот на принцезата Дијана, која дворјаните ја сметаа за закана за опстанокот на кралската лоза.“

Ана Пастернак открива и дека лично ја посоветувала Меган да не биде премногу наметлива, туку во се’ да ја поддржува кралицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.