Меган Маркл бара агент-му се враќа ли на актерството?

Сцена 31.01.2020 / 21:46

Меган Маркл и принцот Хари неодамна ги прекинаа врските со кралското семејство и започнаа со својот нов живот во Канада.

Сите очи се вперени кон нив, целиот свет со нетрпение го чека следниот чекор на популарната брачна двојка, која стана финансиски независна по нивното заминување.

Неодамна започнаа да кружат гласини дека Меган активно бара агент за да ги претстави сите нејзини идни проекти.

Ако гласините се вистинити, тоа не ја исклучува можноста, дека таа ангажира агент и менаџер , што значи дека Меган сака повторно да се вбрати на актерството. Агентите и менаџерите можат да ги претставуваат лицата професионално и за други деловни можности, на пример, да обезбедат договор за книга или разни спонзорства, пренесува Instyle.

Премногу е рано да се зборува за следните чекори на Меган и Хари, бидејќи нивното разделување од кралското семејство е сè уште свежо и не постои начин да се знае нивниот следен чекор.

Уште од нивното напуштање на кралското семејство и преселбата во Канада, се шпекулира дека Меган потпишала договор со Дизни. Во најновиот проект на филмскиот гигант, таа е раскажувач за документарен филм што треба да привлече внимание на добротворната организација ,,Слонови без граници”, која ги следи и штити животните од ловокрадците. Извори велат дека Меган не сака паричен надоместок за работата на овој филм, но оваа зделка може да послужи како пример за она што парот планира да го направи по разделбата со кралското семејство.

Досега, само Меган и Хари ги знаат своите планови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.