Таткото на Меган, Маркл Томас откри денес дека не верува оти ќе ја види својата ќерка „додека не го спуштат во земја“. Исто така, го оправда примањето на надоместокот за учеството во документарецот на Ченл фајв.

 Меган ми должи – време е да се грижи за татка си – рече тој за „Дејли мејл“.

Во 90-минутниот филм, кој ќе се емитува вечерва во 21 часот, Томас Маркл го обвини принцот Хари дека се однесува како „чувствителен 12-годишник“ и вети дека ќе достави доказите против двојката на суд.

 Јас ќе се бранам – вели Томас, кој ќе сведочи на суд во процесот „Меган против таблоидот „Мејл он Сандеј“ и издавачката куќа „Асошиејтед Њузпејперс“, откако делови од приватното писмо на Меган до нејзиниот татко беа објавени во август 2018 година.

Томас ги обвинил својата ќерка и зетот бидејќи кажувале „грди работи“ за него.

 Не ми е гајле. Во овој момент тие ми се должни. Кралската двојка ми должи. Хари ми должи, Меган ми должи. Она што го поминав треба да биде наградено. Ќерка ми, ми рече дека ќе се грижи за мене кога ќе остарам. Сега кога сум стар, време е да се погрижи својот татко – вели тој.

Во необичен документарец, Томас откри и детали од неговиот последен телефонски разговор со војводата и војвотката од Сасекс во пресрет на нивната свадба во мај 2018 година, кога се откри дека тој позирал за наводни папараци фотографии, продадени ширум светот за 100.000 фунти. Томас рече дека одлуката за сликање на однапред договорени фотографии ќе го „прогонува до крајот на животот“.

Хари во телефонски разговор ми кажа: „Ако ме слушаше, ова немаше да ти се случи“. Му одговорив дека е штета што не умрев, затоа што тогаш ќе можеа да се преправаат дека се тажни и му ја спуштив слушалката – додава Томас, кој не присуствуваше на свадбата на неговата ќерка, поради наводна операција на срце.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.