Постојано ни се пред очи. Некоја повеќе, а некоја помалку омилена. Иако за вкусовите не се дискутира, нивниот професионален однос кон работата никого не оставил рамнодушен. Како и да е, успеале да ја шармираат и заинтересираат публиката во Македонија со своето водење, презентерство или ТВ-новинарство: еве ги тие ТОП 10 дами!


Јована Стојменовиќ: Водителка на “Утринска тв програма” на ТВ Сител и една од најзгодните наши водителки, според скоро сите неофицијални анкети. Со право го заслужува првото место. Во текот на 2018-та беше присутна како водителка на многубројни култни манифестации, а како највечатлив нејзин водителски настап е оној кога традиционално кон крајот на зимата го води атрактивниот скопски “Виенски бал” во хотелот “Александар Палас”. Позната е по своите долги дамски фустани и секогаш средената фризура. Приватно се уште не е мажена, иако е во долга среќна врска.

Ирена Спировска: Ја знаеме од екраните на ТВ-Алфа, а и од многубројни македонски манифестации и фестивали кои со години ги води. Во матичната телевизија Алфа, од неодамна е на позицијата маркетинг-директорка, но тоа не и ја намали нејзината медиумска популарност. Секогаш на сцената е топ средена и секогаш остава одличен впечаток како водителка.Кусо кажано-eлоквентна!

Елена Стефановска: Нејзината сега веќе култна емисија “Живот со стил” која се емитива на ТВ-24 ја крена Елена многу високо на оваа ТОП-Листа на најпопуларни и најдобри водителки, презентерки и ТВ-новинарки. За жал, 2018-та за неа беше и малку непријатна, поради тоа што коментарите за нејзиното облекување од страната на модниот критичар Сергеј Варошлија не можеше да му ги прости, па поднесе тужба против него. Стефановска е позната по својата специфична комуникација, но и по својата секогаш прекрасна шминка и насмевка.

Татјана Стојановска: Познато лице од екраните на ТВ Канал 5, презентерка на која сите и веруваат додека ги чита вестите. Нејзиното лице зрачи со некоја необјаснива милина. Камерата ја сака! Се појавуваше одвреме-навреме и како водителка на манифестации кои не се врзуваат само за забавата, туку и од други области од животот.

Повеќе на Vecerpress.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.