Лука Лазукиќ е осуден денес условно на три години затвор. Како што пренесува „Свет“, судијата донел одлука дека Лука е виновен и дека ја претепал поп-пејачката Наташа Беквалац, која во тој период била свежо породена, и дека оваа казна е соодветна.

Продолжена му е мерката за забранет пристап кон Беквалац додека се донесе правислна одлука.

Адвокатот на пејачката Зоран Атељевиќ е задоволен од пресудата.

Задоволен сум од пресудата. Со ова се потврдува дека мојата странка ја зборуваше вистината пред судијата и дека врз неа е извршено кривично дело“, изјавил Атељевиќ.

Доколку Лазукиќ го повтори делото во следните три години, тогаш условната казна ќе биде отповикана и ќе се примени затворска казна од осум месеци. Оваа кривична санкција е сатисфакција за Наташа. Со оваа пресуда, таа е заштитено лице. Ова е т.н. неправосилна пресуда и тој има право на жалба, но јас имам основана причина да верувам дека пресудата е законски исправна и праведна. И тоа не само како превенција за Наташа, туку означува и општа превенција – веќе никој не смее да се однесува како Лука Лазукиќ“, соопштил адвокатот на Наташа Беквалац.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.