Деновиве, разделбата на Лиам Хемсворт и Мајли Сајрус е жешка тема.

Откако папараците и новинарите со денови ја нарушуваа приватноста на 29-годишниот актер и ширеа лажни изјави во негово име, тој одлучи да објави кратка порака за разделбата со 26-годишната пејачка.

На Instagram, Лиам напиша: „Здраво на сите! Само една брза порака за да ви кажам дека со Мајли неодамна се разделивме и ѝ посакувам само здравје и среќа понатаму. Ова е приватна работа и јас не сум давал, ниту ќе давам, изјави на никои новинари или медиуми. Сите цитати кои ми се препишани мене се лажни. Љубов и мир“.

Оваа порака на Лијам следи по фотографиите на Мајли како се бакнува со новата девојка Кејтлин.

Парот беше во врска 10 години пред да стапи во брак во декември 2018 година.

View this post on Instagram

Abs like a ninja turtle 🐢

A post shared by Liam Hemsworth (@liamhemsworth) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.