Музичката ѕвезда Лепа Брена се осврна на денешната јавна сцена и потенцирала дека сега акцентот се става само на голотија, а не на квалитет.

Имено, пејачката во едно интервју истакнала дека е неприродно жените да ги ловат мажите.

Сите улоги во заведувањето ги превеземаа жените, а мажите се опуштија и станаа пасивни. Жените сега се ловци, вистински кугуарки и воопшто не се суптилни. Никогаш не сум била тој тип на жена, мора да се има некаков ред, рекла Брена за српски „Ало“ и продолжила:

Сцените во филмовите каде што се појавувам не се вулгарни, затоа и се имам согласено да ги снимам. Проектите претходно беа слатки, не беа прости и полни со голотија како денес. Со себе носевме свовремено префинет сексапил, кај денешните девојки се е пренагласено, заклучила пејачката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.