Американскиот медиумски гигант Волт Дизни го затвори брендот „20th Century Fox“, едно од најпознатите имиња во индустријата за забава.

Студио филмското студио „20th Century Fox“ произведе филмови како „Аватар“ и „Титаник“, а беше создаден во 1935 година со спојување на „дваесеттиот век“ и „Фокс“ филмовите.

„20th Century Fox Television“ има свои корени во 1949 година и има произведено голем број на добро познати ТВ серии во своите студија, вклучувајќи ги и сериите Бетмен, „MASH“ и Симпсонови. Историјата на филмот за Дизни потекнува од 1937 година, со Снежана и седумте џуџиња. Во меѓувреме, тие станаа сопственици на „Лукасфилм“, продуцент на франшизата „Војна на Ѕвездите“ и на Марвел Студио.

Минатата година, Дизни купи голем удел во Фокс за 71,3 милијарди долари. Претходно оваа година, „Fox 20th Century“ беше преименувана во студиото „20th Century“, што се совпадна со шпекулациите дека Дизни сакаше да се дистанцира од мрежата на Фукс њуз на Руперт Мардок.

Дизни инаку доминира во американската медиумска сцена, како сопственик на мрежата АБЦ. Исто така, се натпреварува со „Netflix“ за видео + стриминг на Дизни +.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.