Иако Јелена Розга на секој начин сака да го скрие својот приватен живот, нејзините комшии открија поединости која е вистинската Јелeна.

Имено, таа спие до пладне, и на кафе не оди пред 14 часот. Кога ќе се разбуди оди да купи пециво и сок од портокал, како и кафе со ванила од блиската пекара, а потоа оди на ручек кај родителите кои живеат во близина – објави 24сата.хр.

Претходно, Розга живеела во помал стан на друг дел на Сплит, и татко и секој ден и носел ручек. Тој стан денеска се издава.

Комшиите откриле и дека Јелена често се слуша како пее и ги вежба песните, а кај неа често доаѓал синот на Тончи Хуљиќ, Иван.

Иван често го шеташе кучето наутро додека Розга спиеше. Таа во живо е ситна и слаба, но многу пристојна. Често ја гледав на балконот окол три – четири часот наутро кога се враќаше од концерт – рекла една од комшивките, а друга ја пофалила дека секогош собира позади нејзиното куче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.