Адвокатскиот тим на Северина веќе ја подготвува жалбата за одлуката на загребскиот суд, кој старателството над малиот Александар го додели на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ.

Блиските луѓе на Северина се шокирани од одлуката дека треба да го предаде синот кај таткото и притоа е должна да плаќа и алиментација. Нејзината најдобра пријателка Ива Радиќ е загрижена за детето. Таа на Инстаграм се снимаше како ја слуша песната „Rodjeno moje“ и напиша: „Не верувам во правда. Како? Мајката е само една!“

Побрутална беше пејачката Јелена Карлеуша, која објави инстаграм-стори со поддршка за Северина:

Немам зборови. На кого да го предаде детето? На оној кој не сакаше да го види првите година-дена?“, вели таа, сигурна дека Поповиќ ги потплаќа и медиумите и судството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.